пат (имн.) - сме (гл.)

Многу пати сме го читале, рече Кире и му го подаде на Пандо.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Подобро нема во галактички димензии, па ни пошироко. Горен свет, долен свет.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Релативно ретко пуштаме крв. Само два пати сме пуштиле.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
А тебе, нели, баш ти е грижа, и толку ти е сеедно, што со рамнодушност ќе ги проследиш, и солзите на натажените, и подмолноста на завидливците кои некогаш ти здодеваа а сега бесрамно ќе изигруваат потиштеност и болка.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тие дарбини Господ тебе ти ги има дадено за да види кои и какви луѓе сме ние, а и ние тебе да те видиме на кој пат сме те извадиле.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Изгледа последен пат сме сами а заедно. Луѓето што не ги очекуваш само што не пристигнале.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сакав да им кажам, секој ден да им подаруваат на нивните мајки по трошка време од нивните животи, пред да згасне насмевката со која прв пат сме ја откриле нашата мајка, на самата врата на животот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А колку пати сме го прескокнале денот, што се вели, сме преминале на свети Тримир.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)