пат (имн.) - со (предл.)

Така во просветителството прв пат со помош на методична обдукција добиваме достапност до информацијата, а таа постапка се продолжува и степенува сѐ до денес, кога обдукциската информација станува и естетска, кога внатрешноста на желудникот може да функционира како естетска слика затоа што рефлектира некоја друга физикалност, некоја друга реалност, други линии и црти, а исто така пружа и специфична естетска угода што најлесно можеме да ја наречеме угода на интеракција, односно задоволство поради тоа што сме присутни на далечина.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Додека таа одеше по патот со стомни, шарена како китка, убава преубава, во бела кошула и црвен елек, со долги коси во плетенки, меѓу косата и лицето имаше цвет.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Врвен познавач на шеријатското и модерното европско право, татко имаше некакво атавистичко чувство на балканското тежиште во себе, но и не можеше да се ослободи од одисејскиот дух, па брановите на судбината го исфрлија крај оваа река и во овој град, во кој мораше уште еднаш да се докажува, да го вкоренува своето откорнатичко семејство, соочен прв­пат со гладот, со гладот на своето семејство.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А и за природата, нема што за природата да раскажам кога таа самата се раскажува врвејќи ден и ноќ по патот со востановениот ритам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тоа Толе стотици пати со дела го имаше потврдено.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Радиото запре. Таа нервно почна да го врти копчето. Помина неколку пати со стрелката долж целата скала. Од секаде испрекинати, остри звуци на џез музика...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Свртувам тука и држам волан по тесниот пат со многу кривини и покриен со сенките на густите и многу стари буки.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ако религиозните и националните пропаганди не посакаат да го воведат нашиот јазик во своите училишта, се разбира дека само таму каде што живеат Словени, и ако им забрануваат на своите учители и попови да другаруваат со македонската интелигенција и општество од другите пропаганди, тогаш македонската интелигенција и народот, без разлика на пропагандите, треба да изнајдат пат со којшто ќе може да се казни таа пропаганда.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Фрлаа луѓето на нив сѐ што ќе најдеа: врела вода, жива вар, пепел, сода; им ги чадеа патиштата со слама, со папрат, со лепешки, со козина, со ќуќур; едни пцовисуваа, а други пристигнуваа; ги имаше од сите погании: црни, жолти, кафеави, со големи глави, со големи нозе, со крилја, без крилја, со крст на грбот или без крст.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И можеа тие неколку дена, додека се искрадуваа, да ги гледаат пренатрупаните патишта со сиот имот на државата, беше како некој да ги имаше истресено, исфрлено, крај главните и други друмови, сите државни магацини, сите воени резерви, сите комори, заедно со нераспрегнатите коњи и сите други воени возила, запрени, или стркалани крај џадињата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Чудовиштето што им го претскажувал Дмитар-Пејко одамна престанало да им ги души наморничавените тилови; му го сечеле на жолтичавиот старец челото, умрел, го запалиле и го закопале, со него во гробот останал и дел од нивниот страв и веќе не се плашеле од сеништа и од иконописечки забести, ноктести, месести и грблести животни, гигантски гасеници со гуштерски нозе и лилјачки крилја, туку се обеспокојувале од можноста да се сретнат на својот пат со живи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
2 Темни и молчаливи, не само со секири или вили туку некои и со пушки скриени под колите и некои со кубури и јатагани во длабоките појаси, тие дваесет и осуммина продолжиле по покопот да ги влечат чкртавите двоколки по никакви патишта, оние по кои можеле да минат незабележени, и по беспаќа на кои сенките се кинеле со тајна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Езерото ја имаше судбината да биде поделено со граница меѓу народи, режими и идеологии.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Птиците ја прелетуваа границата, но само на езерските јагули, кои патуваа преку балканските реки и Медитеранот до Саргаското Море на Атланскиот Океан и назад низ новата генерација, не можеа на последното враќање да ја минат границата која луѓето по милиони години им ја испречија на патот со градба на неколку хидроцентрали во Албанија и Македонија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Те погледнав свету И мрачен ти беше (божем погрешен) Црно на бело крстозбор решен Кон светлина божем почна да идеш Но рабови тенки, кршлива рамка И овде-онде-пак црна дамка Те допрев потоа за сигурна да бидам Дали по патекава мека и тенка Можам воопшто на кај тебе да идам Или мене само така ми се виде А по текот твој и други видов нешта Девојка невешта по истиот пат Со мисли во облаци чекори кон Ад Со допир стаклен и смирен поглед Ко кукавица птица в незнаен лет А зад неа: надзирам јас со двоглед: – гледам кристално јасно низ овој проѕирен свет! 2001
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Пуцето го „откупи" Младен Чкулот: да му оди 10 пати со маските во Прилеп по стока за дуќанот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Милувам секој ден под твојов прозорец да поминам и секој пат со уста слатко да ми се насмееш и со очи мило да ме погледаш!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
СИМКА: (Прва се тргнува). Пушти ме... Пушти ме...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ервехе откако си ја поврати душата по среќното враќање кај своите преку границата, врвеше по истиот пат со своето ќеркиче, уште похрабра, со своето семејство во себе, уверена дека повеќе никогаш нема да го напушти, дека границите колку и да се излезени од пеколот ќе ѝ се смилуваат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Наместо под девет земји девет години пред тебе да ме закопаш Ти ме остави да скитам по патиштата Со сите да те барам и нигде да не те најдам - Така ме раздаде. Така ме уништи.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
На индивидуална акција? - го прекинува Џим, меѓу два залаци од новата четвртинка бурек, овој пат со печурки.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но, беше вчудовиден како ние можеме тоа да го правиме директно од чешма.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Куќата беше тивка, кога докторот замина по патот со својата кочија, под мирното, сино септемвриско небо.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Коста полека ја стегна сопирачката а оние одзади го ораат патот со чизмите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Сега надолу, другари, како во, напад, напред, другари!!! - викна Коста, држејќи ги нозете под седиштето. – Уште малку, уште малку и победата ќе биде наша... – се смееше тивко.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Сигурно ќе мораше да поминам подолг пат со куферот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не можев а да не забележам дека со едната рака како да затскриваше средство за чистење.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Нејзиното долго отсуство како да му ги отвори очите, па реши дека единствен начин да дојде до тоа што навистина го сака е решителноста и храброста.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Во тој момент, баш откако го изговорив зборот „гладен“, цревата повторно се побунија, но овој пат со полифоничен цвилеж.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Си прават пат со лактите. Како да плуска пороен дожд.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ни се дели патот со детето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој, поглаварот на Ескимите, му се поклони на Дедо Мраз сто и еден пат со зборовите: - Добре дојде, господару наш, најголем меѓу господарите земни, оној што носи благодат и среќа!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Кога ќе излезеше во чаршијата, ако ќајата на занаетчиите не го отпоздравеше, тој помислуваше на пизмата од Тодора, која ете, го следи и надвор од дома и му го поросува патот со остри срчи.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)