пат (имн.) - неделно (прил.)

Чудесно... Супер... Посакувам секогаш да е така и секој ден да имаме вежби.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Повремено, можеби два пати неделно, одеше во една прашлива, од сите заборавена канцеларија со запуштен изглед во Министерството на вистината и завршуваше по малку работа, или барем она што се нарекуваше работа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Неколку пати неделно таа со џип доаѓала во неговото ателје и таму останувала до доцна во ноќта.“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Единствено што мораше да истрпи во бракот беше правењето ручек 2-3 пати неделно, пеглањето алишта и 30-те килограми вишок од Ратка.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Посакувам, ама не може - само два пати неделно, вели наставникот, а пред приредбите и нешто повеќе.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)