пат (имн.) - и (чест.)

Го расцепуваше снегот напред, често пати и со гневни чекори, знаејќи постојано дека никогаш уште еднаш никој не ќе може да смисли за него такви луѓе, со кои би можел помалку да разговара, од оние двајца назад.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Имено, тој на неколку пати и физички се пресметува со работниците, а еден негов обид преминува и во екстремно однесување – влече работник за неговите работнички 88 алишта и се обидува да го фрли по скалите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Колку пати и на јаве така сум го слушала името свое.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И ноќта и патот и копнежот со мене се остаток од нешто што ќе биде.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Од страна на директорот се случува дури и класично демонстрирање на насилство.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Веќе немаме пат и за бегање.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Знаеше дека неколку пати и го погоди, но ниеднаш не очекуваше дека би можел да го совлада.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Малу ме збуножи ова, но проверував неколку пати и на повеќе тезги, и не се излагав.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)