патека (имн.) - или (сврз.)

Отсега, ќе живеат тајно, во шумите: таа, Мајката и тоа, под светлината на денот – жилаво итар немирко што се провлекува низ најскриените патеки или мрзеливо, оптегнат на карпата, ги впива сонцевите зраци; откако бувот ќе зачуди - - змивче, што нечујно се претопува во темнините, во потрага по птичји гнезда.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Само вака можам да си го објаснам избегнувањето па дури и заобиколувањето на патеката или улицата по која врвам а пред мене ќе помине црна мачка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Не, не можам да му верувам на она што ме збунува – му велам на толкувачот на соништата од бараката број три.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)