патоказ (имн.) - или (сврз.)

Зарем ќе можев да го задоволам и тоа додатно љубопитство со одговор што ќе беше уште понепотполн и уште понејасен?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А потоа постојано ме измачуваше и прашањето дали воопшто да почнувам некаква игра чиј што свршеток и мене не ми е познат?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Црквата му дава посебен белег на центарот на Берлин и таа е појдовна точка за север или за југ на улицата, таа е патоказ или информатор дека во овој град победила најновата, најмаркантната, најекстравагантната линија на новата архитектура.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но веднаш се прашувам: и да спомнев нешто такво, а притоа уште и да укажев на некоја ситница што можела да се подразбере како патоказ или упатство што води кон тој мој Човек и негов татко, дали немаше да уследи нов порој прашања?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)