пелин (имн.) - и (сврз.)

А чемерот, пелинот и јадот истекуваа низ врелите солзи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Наеднаш гласот му станал памучен и топол, скоро приспивен во помирливоста, и тој можел со својот јазик со кој минал преку испукнатоста на горната усна да го собере сиот пелин и јад од човечките срца во едно чинослужење од кое водовриките стануваат златножитни рамнини.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„И кога првиот ангел затруби со трубата, се крена голем оган и падна на земјата: третина од земјата изгоре; кога вториот ангел затруби, пламен падна врз морето и третина од морето се испари; кога третиот ангел затруби, голема ѕвезда се откина од небото: името ѝ беше Пелин и третина од водата стана пелин и многу луѓе изумреа; кога четвртиот ангел затруби, третина од сонцето, третина од месечината, и третина од ѕвездите, потемна, згасна; и видов еден од ангелите каде што лета по небото и чув каде што вика со глас голем: тешко, тешко, тешко на оние што живеат на земјата; кога петтиот ангел затруби, падна пак голема ѕвезда од небото и се отвори бездна на земјата од која се крена голем чад што го потемни и сонцето и небото...“
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
- Ќе испиеме, рекол гласно Онисифор Проказник. - Но најпрвин оставете нѐ да клечиме во манастиров и да се молиме за нашите мртви.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Попот ги кадел момчињата со темјан додека црната брада страшно му штркнувала на сите страни, потоа првиот го поел со старо вино во кое настругал сив корен од линцура, а на другиот со капки маслинов зејтин во кои со години чувал пелин и рициново семе му извлекол од увото мртов црв или дрвеница или болва, сега е сосема сеедно синовите на бегот можеле пак да трчаат по полето и по стрмништата да вадат јајца од еребици.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)