пеперутка (имн.) - во (предл.)

Знае таа, знае и тој: животот е долго шеталиште со недобројни угорници и крстосници, со недобројни кошмари и уште понедобројни пеперутки во сните.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
На времето седевме вака заедно на балконот во родниот дом. Дење зјапавме во минувачките на улицата и како постар ѓоа те подучував како се ловат убавици како пеперутки во везден фрлените машки љубовни мрежи.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
И малата Весна како пеперутка во белото фустанче.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тие вистински му недостигаа на пејзажот на денешната чаршија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко среде златарската улица му го покажа местото каде што се наоѓаше некогашната златарска работилница, кооперација, во која работеа прославени мајстори филигранџии, Албанци католици, кои со текот на времето како да одлетаа со нивните чудесни сребрени пеперутки во далечините на егзилот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Имаше на таа перница многу љубов, но не онаа која ги растреперува пеперутките во стомакот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Струи со поголема брзина од што можеш да замислиш. Како да ти летаат пеперутки во стомачната празнина.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Кога зборува за природата како за еден поединец, Спиноза потполно јасно го концептуализира 38 okno.mk она што денес глобалистичката екологија го зема за свој слоган: мавтање на крила на пеперутка во Кина може да ги афицира „нашето“ тело и свеста која мора да перципира сè што се случува во „нашето“ тело, за да произведе идеја за таа телесна афекција, идеја која ќе ја смали или зголеми нејзината сила.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Така „нашето“ тело е поврзано со својата природа и целата природа е еден сам индивидуум - нашето стварно тело.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Осамена пеперутка во ѕвездено оро неуморно трепка и талка...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Внатрешните чувства, ко разиграни пеперутки во мракот...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)