период (имн.) - во (предл.)

Судијката (В.Србинова), во јуни 1996, донесе Пресуда со која делумно го усвои тужбеното барање и ги задолжи тужените да ги исплатат неисплатените плати и придонеси за седум месеци, во вкупен износ од 29.266 МКД (480 ЕУР) – зголемени за затезната камата, како и да го впише овој временски период во работната книшка на Јаневски.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Комплетното финансиско работење е под контрола на матичната Топлификација од Скопје а битолските директори само ги извршуваат налозите и немаат никаква автономија, ниту пак можност од изготвување на сопствени буџетски политики.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, откако на работа, таа почнува да се соочува со многу стресни ситуации, заминува на боледување – кое, заедно сосе годишните одмори, изнесува вкупно 11 месеци, што всушност е и период во кој трае иницираниот судски спор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По исцрпувањето на сите правни инструменти и механизми за заштита на своите права од работен однос, Зефиќ на крајот се решава да поднесе тужба, подоцна пропратена со два дополнителни поднесока, за поништување на Решението за распоредување на работно место бр. 04-2026/1 (од октомври 2008), и на Решението на второстепената владина Комисија за прашања од областа на работните односи бр. 45-572/3 (од ноември 2008), кадешто тужена странка е Р.Македонија – со прецизирање КПУ Затвор Скопје.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Впрочем тој и не покажа некоја поголема загриженост во врска со тоа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Реакцијата на тужениот по однос на тужбата, не беше воопшто забележлива.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Лозановски истакнува дека, низ годините, голем дел од парите на битолската топлификација беа „испумпувани“ од страна на директорите на „Топлификација“ АД – Скопје, а во подоцнежниот период во битолската топлификација речиси и воопшто да не се инвестираше.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во истиот тој период во Охрид, Струга и други места учителствуваше големиот поет Григор Прличев.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Седевме во мракот на Синематик и го гледавме метар по метар материјалот што го снимивме во текот на целата таа година по сите места во кои бевме - Сан Франциско, Саусалито, Лос Ангелес, Филаделфија, Бостон, Хемптон и ширум Њујорк, во кој се наоѓаа сите наши пријатели.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во тоа време за тој филм воопшто не размислував како за меѓаш, но кога сега ќе погледнам наназад, тој навистина го означи крајот на периодот во кој правевме филмови само за да ги правиме.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Додека го гледав сето тоа заедно таа ноќ, имав впечаток дека е многу повистинито (мислам, поневистинито, што всушност е многу повистинито) отколку кога навистина се случило - Еди и Ондин, еден покрај друг на пуста и ветровита плажа, облачен ден и само звукот од камерата, додека нивните гласови се губат во ветрот и одат некаде над песокот, додека се обидуваат да запалат цигара и сето останато.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Единствено прифатливо извинување за постојаното глорифицирање на филмовите од англискиот период во однос на оние од американскиот е носталгијата, иако дури и таа станува досадна. •Дали сметате дека американскиот филм и денес е најзначајна кинематографија на светот? • Да, бидејќи го опфаќа целиот свет.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
А баш тука филмот се става на хартија.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во овој мирен период во повеќето македонски градови функционирала локалната самоуправа.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
По средниот век речиси и не постоел некој период во кој писателите толку се гордееле околу профинетоста на својот занает.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Своето интензивно враќање кон сликарството, во 1986 самиот Џарман го образложува како еден вид терапија што ја применува на себе откако дознава дека е ХИВ-позитивен. Paintings from a Year е серија слики настаната во текот на една година, со почеток од август 1986 во периодот во кој Џарман правел три платна неделно.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Постојат некои обврски кои, за да вродат со одлуки и за да бидат продук­ тивни, не треба да го следат знаењето, туку да проистекуваат од него како последици или продукти.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Всушност, Џармановиот општ став кон сликарството може да се прочита од следниот цитат: “Не верувам во тоа дека сликата некому му носи откритие; тоа се случува во самиот процес.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Живееме во период во кој веќе никој не знае што треба да сака, во период на мошне заокружен, целосен нихилизам.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Џарман сликите ги изработува брзо.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се надеваше дека со ова ќе заврши лудиот период во пубертетот на неговиот син, по кој со негова помош ќе заплови по помирните далги на зрелоста.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Така потекоа обезбедените еднолични денови од библиотечниот период во животот на Грдан, слични на зрна песок што се ретчи низ прстите на шепата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Мирон Донски продолжи: - Вие сте веќе подолг период во нашиот Архив.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Се определи дека како отсуство не се засметуваат деновите на искористен годишен одмор кај правото на работникот на бонус во висина од една просечна плата во Републиката, ако тој работел над 150 часа подолго од работното време, а притоа не отсуствувал повеќе од 21 ден (чл. 22 од ЗИДЗРО/фев.13); 28 Оваа дефиниција ја замени претходната, противуставна формулација која гласеше – „Работно време е секој период во кој работникот работи и е на располагањена работодавачот за извршување на работите и работните задачи согласно со закон“.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Работодавачот е должен да го задржи лицето уште 12 месеци по истекот на периодот во којшто е ослободен од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
А твоите размисли за таткото, поради едана непроверена изјава на неодговорна жена, ми се чини водат кон Ѓурчина?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во тој период во него имаше и премногу верност а и доследност во придржувањата кон правилата на нашето однесување.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со други зборови, како што беше речено во моите воведни забелешки за феминизмот и модернитетот, феминистичката теорија како философија на полови разлики го пронаоѓа поимот за жена како историски есенцијален токму во оној период во историјата кога овој поим е деконструиран и разнишан.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Годината во која што е роден според учениот свет е периодот во кој што некогашната СФРЈ го достигнува врвот на економски стандард, општествен, културен и многу други видови на развој.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Беше тоа еден кус временски период во којшто експресионизмот во Берлин го достигнал својот врв, како во интензитетот на заострените, строги канони на формата, така и во силата на видовитите описи.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Маргина 36 159 Eda Čufer & Irwin THE EAR BEHIND THE PAINTING Приближувањето на 21-от век го поставува прашањето дали периодот во којшто ќе навлеземе ќе биде ист за сите нас.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Уметниците од воениот пекол излегоа како жигосани, често до дното на душата погодени и променети (Бекман, Кирхнер, Грос, Дикс), а таа фаза Курт Пинтус, издавачот Маргина 36 83 на најзначајната збирка експресионистичка лирика „Самрак на човештвото” од 1920 г., ја нарече „најдив и највалкан период во историјата на светот”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во тој период во Македонија имаше барем 16 фирми кои се занимаваа со производство на текстил.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Госпоѓа Камилска, сепак, беше смирена и спокојна што нејзиниот сопруг по враќањето од Голи Оток беше конечно смирен во еден подолг период во мирната и утешна работа со Татко, стравувајќи што ќе биде подоцна со него кога ќе заврши со работата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И на крајот заврши со мала пензија недоволна да се урамнотежи семејниот буџет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Беше период во кој Климент Камилски беше ревносен слушател кога Татко низ своите книги го внесуваше во источните тајни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И Татко ја убедуваше Мајка, смирено и сталожено, но чувствувајќи го нејзиниот внатрешен немир, дека наскоро ја привршуваат работата со Камилски и тогаш целосно ќе им се препушти на семејството и децата, макар што не сакаше да нагласува колку работата со неговиот пријател беше за доброто на децата и потомците. И така сите трпеливо го очекуваа крајот на мисијата...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во еден период во едно осумгодишно училиште во Скопје беше наставник по француски јазик, потоа работеше во Државниот архив и на крајот во Институтот за фолклор, каде што стаса и до директор.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Едноставно веруваше дека мирните периоди во историјата се само како заграда во една реченица.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Токму во тој период во Татковиот живот се појави Климент Камилски со својата месијанска библиотека и со својата комплексна и тешко дофатлива и одгатлива личност со цел да го спасува Балканот од погрешните идеи во минатото и сегашноста во сите области на животот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Јас во тој период во Скопје работев во Македонската авиокомпанија и имав право на карти со голем попуст, но на листа на чекање.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Додека претходно периодот во кој може да биде направено тоа зголемување беше до 2009 година, сега се предвиде тој да биде до 2008 година, односно, за останатите месеци од 2009 година оваа можност се укина (чл. 1, ЗИДЗИПРМ/09).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Со последната измена и дополнување на ЗИПРМ (1994) изгласана во јули 2009 година се ограничи периодот во кој работодавачот може да ја зголеми платата за по 10% годишно.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Но постои, сигурно постои еден период во животот кога мајката се ослободува од инстинктивната приврзаност кон своето чедо, кога е, ко­неч­но, пресечена и менталната врвца.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таа сведочеше, на посебен начин, и за семејниот егзил и за најсреќниот период во животот на Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Секој период во историјата произвел име и херојска легенда за моќниот, упорен, креативен поединец што ги испитува новите граници, собира и донесува нови информации и се наметнува како водич низ генскиот пул* до следното ниво.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Типично за тој временски слободњак е што тој ги комбинира храброста со големото љубопитство, и со крајното самопочитување.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во кусите периоди во кои едни војски доаѓаа а другите си одеа од неговиот град, се обиде да ги среди нерасчистените сметки, особено оние што се однесуваа на обврските кон Организацијата, по чија што задача токму пред војните се врати од планината во родниот Штип.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тој 81 старец целосно ги беше дестилирал терпентинот и лененото масло низ Џорџ Смит и тие му ја отсликуваа душата, сиот Син период во квечерината, сиот Розов период во самракот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Во тој период во САД започнала една од најголемите расправи во американската историја, која не се водела само во Конгресот и низ печатот туку и меѓу обичните граѓани во целата земја.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Македонскиот национален идентитет беше потиснат и преживеа за време на овој период во којшто географска Македонија беше поделена меѓу соседните балкански држави во 1913 год. со Букурешкиот мировен договор.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Се појавиле повеќе организации кои си ставиле во задача да влијаат на јавното мислење со што би го определиле ставот на САД спрема веќе започнатата војна.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Како што гледате, цртежот е потполно геометриски, или механички, бидејќи тоа беше период во кој потполно се изменив - од нафрлувањето на боја врз платно отидов на еден апсолутно одреден координантен цртеж, кој нема врска со итрината на ракотворбата.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Мајка ми би зборувала на оваа тема „сто и една година” кога би ѝ дозволила, но одбегнува, зашто ја имам предупредено дека мразам да го употребува тој збор – пубертет, исто така мразам и описно да го употребува – „периодот во кој сум” и, воопшто, нема нешто што може толку да ме збесне и онерасположи како разговорите на таа тема.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А кога, пак, брат ми ќе ми рече, ајде Бреза, смири ги хормоните, е, тогаш навистина добивам нервен напад.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Почнаа да се склопуваат сите коцки за наредниот период во кој требаше да се случат нови нешта.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)