перцепција (имн.) - и (сврз.)

Од овие примери може да се наслути како ТШ се развива кон тоа да ни даде когнитивна наука која ќе може да се справи со проблемите на човековата перцепција и движење како и јазикот и учењето.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Техниката веќе во многу нешта ги прошири нашите животни очеку­вања, физичката околина, перцепцијата и помнењето - со помош на зголемувачи, телескопи, ендоскопи, телефони, фотографии, филмови, генетски инженеринг, пресадување на органи, вештачко оплодување и сл.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Споредувајќи ја својата замисла за несвесното и неговите односи со свеста со Фројдовата, авторот ја карактеризира Фројдовата теорија како некохерентна барем во два погледа: „Прво, јас не можам неговото објаснување на онтологијата на несвесното да го направам консистентно со она што ние го знаеме за мозокот, и второ, јас не можам да формулирам една кохерентна верзија на аналогијата помеѓу перцепцијата и свеста.“ (стр 169). 44 Margina #1 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Оној што потпишува не го гледа тоа прераснување на „јас“ во „ние“, оти тој пред себе го има само својот формулар, па помислата дека истиот текст егзистира истовремено и со друг потпис му е сосема надвор од „видното поле“; во таа „стеснета“ перцепција и редукција на она општо „јас“ на сопственото „јас“, со име и презиме, се состои трикот на владеењето на власта со индивидуата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Според компјутационата теза за животот и интелигенцијата, истражувачите на вештачката интелигенција само треба да конструираат машини коишто прецизно, до детаљ, ја имитираат човечката психа и мозочната активност, и така ќе се добијат освестени машини.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)