пес (имн.) - ќе (чест.)

Дали поверувавте дека зимата треба да ги охрабри оние што ги одмина летото оние чија тиха ѕвезда упорно ја следи својата патека?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дали се прашувавте дали наскоро ќе се врати И дали ќе ја доведе со себе својата сенка и дали песот ќе го врзи за нечија насмевка или за трнот на кој цути непозната реч?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Гледај, прави, да не се фати жената, оти покрај неа и тој пес ќе остане!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дали се прашувавте дали скоро ќе се врати и дали ќе ја доведе со себе својата сенка и дали песот ќе го врзи за нечија насмевка или за трнот на кој цути непозната реч?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ќе се фрлиш за прв пат главечки, ќе пливаш само за себе butterfly, ќе плуташ, ќе нуркаш оддалеченоста од брегот ќе ја одмеруваш по пробивот на сонцето, ако го има по работата на срцето по подноктиците перките и алгите по трагите од морските пци ќе ја унапредуваш техниката отскок на површината во последен миг неверна кон сѐ кон животот посебно: ќе палиш огин и ќе голташ жар и пепел во ждрелата на оние кои во тебе гледаат неидентифициран плод, увод во гревот зашто другите, одбраните, некаде далеку ѕемнат во истите ноќи, подоткриени јазикот го вадат од мрзеливи легални усни и скришум ги бришат своите благоглаголливи:
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Дали го прашавте што памети а што заборавил?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)