петел (имн.) - го (зам.)

Тој петел го купив на пазарот за пердувеста живина.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кошот го наполни слама, кокошките ги затвори. Пак црниот петел го нема.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нивните намачени и искривени коски биле мала историја на една доба и на еден живот и, ако може така да се објасни, челата им се облевале со сонце само во дните на големите празници; тогаш седеле крај трпеза и уживале во празничната ослободеност на коските и на жилите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сварил петел го изел, па испил голем кондир вино.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Со првите мугрени петли го заборавале спокојот на продуваниот празник и им се враќале на пештерите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој петел го сакам, му реков одлучно на продавачот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И петелот го чуваме на таван.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Гласното кукурикање на петелот го оттргна од пишувањето.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)