печено (имн.) - месо (имн.)

Со тава од фурна, со печено месо на жар, со риба пржена во тавче, со домати и пиперки, и со лубеници, кои овде лете ги има многу.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ќепенците од крчмите мирисаат колку на вино, толку на бира, уште повеќе на печено месо.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„Да?“ Мама погледа спроти масата што ја постави како некаква прекрасна сребрена стапица, чудесна јама со сосот од печено месо во која најпосле, како побеснет ѕвер од некои дамнешни времиња, фатен во јама со катран, можеби ќе попадне нејзиниот маж и ќе биде задржан во неа за да гледа низ решетките од јадеци, засекогаш на сигурно.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И се смилостивиле на бабата, и дале печено месо и вино и ја пуштиле на слепа магарица, подалеку од нив да си ја бара судбината ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бидејќи јадењето во куќата на Адам обично е компромис од наследени вкусови, ручекот, како и појадокот, е стриктно од новиот свет - сендвичи со хамбургер, сирење, шунка или јајца, повремено, во понеделниците или по празниците, сендвичи со печено месо од пиле или мисирка и, се разбира секогаш откршено парче пита или колач, и овошје - јаболко, круша, а понекогаш можеби и банана.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
На борците им велеше дека владините војници секој ден јадат бел леб, варено и печено месо, чоколади, дека наутро пијат млеко, чај со рум и кафе.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Животот на земјата е понижување, душите бараат слобода во сините височини на ѕвездите; ќе појдат по неа, ќе ги проколнуваат и ќе ги плукаат туѓинците а тие ќе ги сечат со јатагани и ќе ги ослободуваат од печал и патила; сите што ќе останат ќе се растураат по селата и ќе собираат нови литии за предизвикување на смртта - оние што не ќе изгинат од оган и од железо, ќе се фрлаат во длабоки речни вирови, ќе се запалуваат по плевни, ќе се бесат во гроздови на свои јамки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некаде на зелка, некаде на пиперки, а пак навечер насекаде мириса на печено месо...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)