печење (имн.) - леб (имн.)

И тие имаат желби и мераци, и тие знаат тајни за печење леб со паричка, ама нивната судбина се вика полни очи – празни раце.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Се изградиле нови конаци, чардаци, воденици, амбари за жито, казани за печење ракија, фурни за печење леб за манастирските монаси и многубројните измеќари, гости и сиромаси кои секојдневно доаѓале во манастирот и на кои бесплатно им се давало јадење; околу манастирот се изградиле и посебни конаци на богати верници христијани и муслимани кои повремено доаѓале во манастирот или останувале на панаѓурите кои се правеле кога славел манастирот и кои траеле по неколку дена; засадени биле нови лозја, а се зголемил добитокот со нови грла: овци, телиња, коњи, крави, волови, скопаци.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
А за тоа, за печење леб, зашто ништо што е погано не смее да дојде направо во допир со лебот, а погано е сѐ што не е природно, за завалување на фурните и вршниците, употрабуваа слама, измешана со суварки, или со дрвени трње.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)