печење (имн.) - ракија (имн.)

Лесно се препознаваат по тоа што на секој балкон има вешто камуфлирано буренце со кисел купус, а може да се забележи и мало казанче за печење ракија.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Се донесе закон за забрана на печење ракија и вино, праење ајвар, пружање алишта по тераси, а ќебапите во весниците беа сатанизирани и претставени како главна причина за тумор.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Се изградиле нови конаци, чардаци, воденици, амбари за жито, казани за печење ракија, фурни за печење леб за манастирските монаси и многубројните измеќари, гости и сиромаси кои секојдневно доаѓале во манастирот и на кои бесплатно им се давало јадење; околу манастирот се изградиле и посебни конаци на богати верници христијани и муслимани кои повремено доаѓале во манастирот или останувале на панаѓурите кои се правеле кога славел манастирот и кои траеле по неколку дена; засадени биле нови лозја, а се зголемил добитокот со нови грла: овци, телиња, коњи, крави, волови, скопаци.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)