печурка (имн.) - и (сврз.)

Жените ја џвакаат сировата печурка и изџваканата маса ја мешаат со сок од капини.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Така урината на оние кои беа под влијание на печурката е многу барана и се пие со уживање, бидејќи содржи доволна количина дрога за да предизвика исто дејство.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Некои племиња во Сибир трампаат неколку овци за една печурка amanita muscaria и ја користат како оргијско средство.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сонцето ги извлечка од земјата копривите, штавеот печурките и други билки од кои можеше да се свари зелјице и да се фаќа нова крв, та така децата по цел ден береа зелје, полжави, копаа корење од диви кочани и сосем земја ги полнеа своите празни стомачиња.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Колку за семе останаа и машки и женски, макар половината; може и преку половината изумреа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Навистина, мислеше дека е со нив а не како кога ќе останеше сам крај дрвената барака за да го гледа без рабирање заодот и сѐ под него: невидливите џуџиња во печурките и твриде големоглави бубалки опколени како старовремски војници.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сончевите зраци се пробиваа низ високите дрвја правејќи светли завеси од утринските испарувања на влажната земја, ширејќи мирис на печурки и папрат; разнобојните лисја на дрвјата се преливаа на светлината добивајќи прекрасна патина, претсмртна боја; клукајдрвците удираа по дрвјата и огласуваа немир; немир владееше и во кучињата: напињаа на ремениците со кои ги водеа манастирските слуги, душкаа по земјата и бараа да се ослободат, да оптрчуваат; повремено ќе заквичеа но слугите ги смируваа жулкајќи ги по главите, или удирајќи ги по муцките.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тогаш тој, заедно со некои од тие неговите, стави рака на откупот на градинарските производи, но најмногу на лековитите растенија, печурките и боровинките со што Галичица и Баба наша изобилуваат.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Пошто од селаните билките, печурките и боровинките ги откупуваа селските задруги, на Сврделот не му беше тешко работите да ги нареди така што стоката тие да не ја дават на некој друг додека прво не се допрашаат од него дали тој сака да ја земе или не.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тогаш, веројатно збунет, братот направи гримаса и го сведна погледот, но веднаш потоа, посрдечно отколку дотогаш и со тон по кој не можеше да се види дали се шегува или не, рече: – Сепак, не можам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Цветовите изгледаа толку чудно што трговецот неволно запре, ја симна својата шапка во форма на печурка и учтиво праша: – Пресветли, кажете какво е ова растение?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)