пиво (имн.) - во (предл.)

Зошто е потребен јазикот кога уметноста веќе го има во себе?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Секоја будала може да каже дека тоа е метла“. (...) Цигарите во Лос Ангелес кои ги потпиша Дишан и кои беа испушени.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Навалувајќи се наназад, со столот на две нозе, смеејќи се, Џонс рече: Моите конерви од пиво немаат пиво во себе.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Двете ситуации не се чисти и на ниедна не и давам предност”. (...) Една дама, разлутена заради изложените конзерви од пиво во галеријата, рече, „Што прават тие овде?“
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Другпат ќе го насликам, па потоа ќе го видам.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Објектот кој говори за загубата, уништувањето, исчезнувањето на објектот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Историја: традицијата на пиење вино и пиво во Велика Британија се негувала со векови.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Барменот наточи две половини од литар темнокафеаво пиво во дебелите кригли што ги исплакна во една кофа под шанкот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Многу момчиња и девојки прегрнати, со кригли пиво в раце, на една тркалезна маса, сите пијат и зборуваат гласно.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Е, Долги, Долги! - Томо самиот се нарече по својот прекар - уште една авантура завршуваше без епилог - си помисли допивајќи го пивото во кафеаната Кермез, наспроти паркот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Помислив дека сигурно удрила четиринаеска и дека добро би ми легнало едно ладно пивце во некое празно кафуле со чисти чаршави и со добро извежбан џубокс-евергрин.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
По повеќепати навечер сè некој ќе се најдеше да му пристапи насмеано, со криглата пиво во едната рака и со двата прсти од другата рака ќе го фати на пример за ногавицата од пантолоните.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Целата расмеана и некако победоносно, оддалечувајќи се од него со по кригла пиво во рацете, му рече: „Ти си бистро момче“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога Марко и Едо влегоа внатре, од собичката во аголот излезе еден човек налик на плашило за чавки, целиот свиснат врз самиот себеси, со конзерва пиво во едната рака и со другата напикана во големиот џеб од елекот облечен на голо – слаб, со испиени образи како да гладува, подвиткан, со сипаничаво лице и ретка, права, немиена, пуштена руса коса што му паѓаше на сите страни на лицето.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во еспадрили или во јадранки (на една од тогаш снимените фотографии со босиот палец од јадранките го чешкам мачорот Чарли зад уво), со шишиња пиво во рацете, со коси сè уште влажни од поливањето, навидум лежарни, густиравме излупени резниња праски, а во главите ни се роеја возбудливи мисли спротивставени околу најважното прашање – што ќе студирам?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но,само половина час подоцна, додека во аеродромската зграда чека подвижната лента да му ги донесе куферите, тој со фраерски поглед Г-8 ѝ отпоздравува на истата стјуардеса, што сега испаѓа дека е блондика со ретка комбинација = долги нозе + срцолико усте. * * * А третата ноќ по доаѓањето во Познањ: Баш се згодни овие Полјачките – му дофрла патникот на Луис Алфонсо, наздравувајќи со нова кригла светло пиво во преполнетото кафуле „Dramat“.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тука цела пролет е вака. Се истура.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Некаде кон почетокот на девеесетите години на минатиот век некој југословенски стопнственик, се сети дека може да запакува некое домашно сокче или пиво во каначка.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
ПИВКА - Некоја пивка (т.е. мирна и блага) Мивка си пивкала пиво во една пивница, чекајќи си ги нарачаните пивтии. Кога во тој момент се слушнало „пи-пи!“ како пиле да пивка. Дошол пивничкиот детектив и од под капутчето на сиротата Мивка извадил едно пиле. „Бриши одовде, Мивко!“, рекол детективот. „Кој видел пиле да пивка во пивница?!“
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Во меѓувреме, велгоштани беа толку загреани од черешновицата што станаа откај жените на веленцата и со шишиња пиво во рацете се фатија на оро.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)