пиле (имн.) - веднаш (прил.)

Кокошките ќе се раскокодакаат, ќе претаат со нозете, ќе ги шират крилата, ама не ќе можат ништо да сторат, ќе дозволат да бидат однесени во просторијата под плочата каде што Чана веќе приготвила легало за неа и за нејзините пилиња веднаш до другата просторија во која ја смести својата мајка , нејзините бовчи и себе си.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Кога си ја чешлам косата, влакната кои отпаѓаат никогаш не ги фрлам надвор, зашто пилците веднаш ќе ги разнесат, од мојата коса да направат гнездо.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)