пиле (имн.) - да (сврз.)

Еминовите луѓе не пуштаа ни пиле да прелета. Вардеа како соколи.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ќе легнам и ќе чекам пилишта да ми ги исколваат очиве.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Одиме, се искачуваме, а една летна тишина заседнала: ни штурче да се јави, ни пиле да првне, да писне од некаде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пилци да се сторите и од куќава наша да одлетате, да в поле да појдете по трњето да стоите и еден-друзи да се барате, та да не можете никогаш да се најдете.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Утре, дај Боже здравје, одење в град и назад нема да се вратам од овие тешки лакрдии што ми ги рече стариот, да знам оти за вистина клетвата негова ќе ме фати; пиле да се сторам, бело море и црно да прелетам, ама уште еднаш при татка не дојдувам.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
ПИВКА - Некоја пивка (т.е. мирна и блага) Мивка си пивкала пиво во една пивница, чекајќи си ги нарачаните пивтии. Кога во тој момент се слушнало „пи-пи!“ како пиле да пивка. Дошол пивничкиот детектив и од под капутчето на сиротата Мивка извадил едно пиле. „Бриши одовде, Мивко!“, рекол детективот. „Кој видел пиле да пивка во пивница?!“
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тие не им веруваа: - да имаш две кутренца речиси во центарот на градот каде што не може ни пиле да се чува, - е, тоа е неверојатно.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Границата сега повеќе не можеше ниту пиле да ја пролета.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ќе види некое пиле да го прелетува и тој ќе рипне, ко потполошка, потплашена и ќе трча по пилето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)