пилешки (имн.) - месо (имн.)

Т табиет - карактер, нарав, ќуд, природа тајфа - дружина, група луѓе (најчесто, мајстори, ѕидари), но и ајдутска дружина, разбојници таксират - несреќа, неволја тамаќар и тамавќар - лакомец, скржавец теферич - издадено место, височинка, глетка, излет на такво место, забава во природа тикуш - пита со пилешко месо
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Прво се израдував кога чув дека ќе има супа, но кога ја видов супата и сфатив дека всушност е чорба со огромни парчиња бело пилешко месо што се препелкаа во цели реки дебел, надуен ориз, ужасно се разочарав.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Да донесам нешто - крпи, такви работи, - пропелтечив, но тетка ми немаше време да биде учтива со мене и да ми одговори, туку продолжи со работата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
На другата страна од разгледницата со легенда Прованса Мистичните маслини, вие потсетувајќи на питата тикуш (со пилешко месо и јајца), која мајка ми ја подготви по моето враќање од Албанија, според крајот од романот Атеистички музеј пишувате дека можеби питата ќе биде уште повкусна ако се стават и исушените цветови на мајчина душица, рузмарин и маслини.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Врз секоја попарена кора, ставаше од парчињата пилешко месо, од жолтата погача, но и ореви.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Додека продолжуваше расправата за модриот патлиџан, Мајка и госпоѓа Камилски се доближија со две тепсии од кои се ослободуваше чудесна миризба на печено тесто со јајца и пилешко месо.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Малебџиите нудат млеко, продаваат сладолед и кај нив се хранат оние што се диеталци или пак љубители на пилешко месо.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Мајка ја стави среде масата тепсијата со питата тикуш, а госпоѓа Камилска веднаш до неа тепсијата со питата наречена петаник.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)