пиперка (имн.) - за (предл.)

- Еве берам пиперки за вечера. Таа ги собра пиперките и тие тргнаа дома.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
4. Саботата е пазарен ден. Спасија го прати Соколета да ѝ купи пиперки за сушење.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
А Рада, секогаш при лупењето на пиперките за ајвар и лутеница седеше на трупчето што остана како спомен на сувата цреша .
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)