пита (имн.) - со (предл.)

Питите ѝ одеа малку потешко. Ама со годините и времето научи да го стегне кр’нгот и в раце да го заигра сукалото под кое добро измесеното тесто се сучеа кори за пита со пресул, со праз, со кастици, со кромид и свинско пржено, пита со тиква, со урда и праз, со коприви, со корки мешани со урда и јајца... сучеше и кори за бурек плескан со по четири или пет кори со урда, сирење, бурек виткан окол-закул со сирење и кори за бурек - плетениот...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Од сите пити кои ги месеше Мајка, во годините на сиромаштијата, ние најмногу ја сакавме питата со пиле – тикуш.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во други куќи крај Езерото се правеше тикуш, ама со друго име, обично го викаа пита со пиле...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Пиеја зашеќерено варено вино со цимет или со црн пипер што самите го правеа, јадеа домашни пити со праз или со изварка што ги замесила нечија баба, понекогаш некој ќе донесеше и лути домашни свински колбаси, мезеа руска салата од зимниците на нивните мајки и прво дискутираа со саати, за на крајот да завршат со свирка.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ние мораме да ја разјасниме мистеријата, на оваа пита над питите не ѝ е дадено случајно името тикуш! рече замислено Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)