плата (имн.) - исплати (гл.)

Негативната промена е што организаторот на работата на корисниците на социјална парична помош повеќе не е должен да им обезбедува надоместок за покривање на трошоците за храна и превоз до и од местото на вршење на работата, до износ од 15% од просечната плата исплатена во Република Македонија за претходната година. (чл. 8 од ЗИДЗСЗ/мај.13) Со рогацијата од март 2011 година дојде до позначителни намалувања на висината на глобите и тоа за 2/3 од претходно утврдените глоби за установата за социјална заштита (чл. 34 и чл. 35 од ЗИДЗСЗ/ март.11) и приватните установи и на јавните установи основани од општината, градот Скопје и општините во градот Скопје кои вршат работи од социјална заштита. (чл. 36 од ЗИДЗСЗ/март.11)
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
И, трето, воведена е и обврската организаторот на работата на ангажираните лица да им обезбеди надоместок за покривање на трошоците за храна и превоз до и од местото на вршење на работата, до износ од 15% од просечната плата исплатена во Република Македонија за претходната година, а за ангажирање над пет дена и надоместок за ангажирањето, по потреба и во зависност од работното ангажирање (чл. 55, ЗСЗ/09).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Имено, барањата за издавање на работни дозволи за странец, поднесени од работодавачи основани во Република Македонија ќе се одбијат ако: а) шест месеца пред поднесување на барањето за работна дозвола за странец, работодавачот ги отпуштил работниците вработени на неопределено време; б) работодавачот одбил да вработи невработено лице упатено од Агенцијата за вработување кое ги исполнувало бараните услови; в) во рок од три години пред поднесувањето на барањето за издавање на работна дозвола на работодавачот, му била изречена прекршочна санкција за сторен прекршок на одредбите на овој и друг закон, за незаконска работа или незаконско вработување; г) работодавачот покажал негативни резултати во работењето за претходната година, ако платите исплатени на неговите вработени биле под нивото утврдено со соодветниот грански колективен договор, ако ја прекршил законската регулатива за работните односи или ако не ги намирил своите обврски за даноци и придонеси (чл. 7).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)