плач (имн.) - бев (гл.)

Мојот плач беше крик на ужасна болка, што ги погоди и небото и земјата и ја уби како со гром мојата душа, сјајот во моите очи се претвори во црни бисери, натежнати над крвавата месечина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во тишината на ноќта се слушаше само мојот глас како ранет ангел и исплакав две кобни солзи.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Навистина неговиот плач беше изблик на една многу подлабока болка што не треба да се врзува дури ни со љубовта; тој крик беше објава на еден крај; на свршеток кој сам по себе беше премногу грд. Затоа и го отфрлив.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не сакав ни да помислам дека може да се случи она што Денко Самоников го наговестуваше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)