плод (имн.) - во (предл.)

Речиси го заобиколивме селово, - ова го рече повеќе заради себе, зашто плодот во петтиот месец почна да ѝ создава нелагодност во стомакот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дете на градите на мајката Загледано во ѕидот на куќата, Девојки скриени во житата со небесни цветови во косите, Црвена светлина што се слуша отаде петровденските камбани, Светулка скаменета на отворена книга во дворот, Коњ што фрчи низ ветерот над реката, Стар часовник што бие меѓу прозорецот и ноќта, Име врежано во каменот на соседот, Бела пеперутка што се буди во тревата, Жнеачка што му шепоти на плодот во неа, Девојка што се крие во душата на темјанушката, Старец што оре со погледот по мапата на татковината, Буква скриена меѓу црешите За да не може да се соопшти зборот што е неопходен, Победници што се плашат од пепелта на поразените, Денот на нејзиното раѓање – меѓу два глужда на црешата, Непрепознатлив глас што шета низ темнината, Младичи што којзнае Од која страна на времето заминаа, Пролетен ветер што тропа врз твојата песна И ти Што сакаш да ме прашаш Уште ли живееш спроти нас, Во пустиот дом на старичката?
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Улам на твојот двор со распеани рози, Улам на древниот часовник што покажуваа недојдено време, Улам на оној жесток ветер од кој не потреперуваат ниту гранките ниту лисјата туку коренот в земи, улам на твоето тело што како божја заповед го свртува кон себе сонцето и го крие за да му биде визглавје на плодот во тебе.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Си мислам: секој од нас е некој иден Исус зашто со своја крв може да си го потпише своето исчезнување ПСЛАМ 3 Некогаш, среде сиот човеков неред имав спокојство да го наслушам и шепотот на плодот во мајката.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
И, додека ѝ шепотеше на мајка си дека тој можеби ќе ја напушти затоа што не може да го задржи плодот во својата утроба и покрај сите напори, и покрај тоа што ги почитува советите од сите лекари, двете плачеа заедно.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Каков ти беше излогот! Ти не знаеш! Чаеви од тревки, цветови и плодови во сите можни бои, распоредени во големи тегли како епрувети, со капаци како од мармалад од шипки од Подравка“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Одаите мирисаат на плодови во есен Имаат ротирачка иднина, од лесен.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Вреќи жито, грутки шеќер, сусам, слануток, ориз за пиљав и сутлијаш, ќупови масло и маслинки, суви плодови во кошови, сливи, урми, смокви, а потаму и грниња мед, лој и овча маст.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не е така, ќе речете: зукини ја протегнува категоријата на овошни плодови во насока на метафора, како во „плодови на тлото” и, согласно со тоа, до плодови на море, плодови на знаење, долни алишта „Плод на разбој”, итн. - што не е проблем за овој простувач, кој цел живот уживал во облекувањето и соблекувањето на гаќичките, и боксерки и џокејки, со и без шлиц, и во помагање на своите љубовни партнерки во облекувањето и соблекувањето на нивните: мљац, драгите прекрасни деликатеси!
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Се запознавме – се викаа Лина и Ева. Започнавме разговор, но Отла ми рече дека е време за бањање, и ние тргнавме кон нашата барака.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Додека седеа, ги држеа рацете на стомаците, како така да ги заштитуваа плодовите во себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Поднаведнат маж, влече плодови во мрежата По плодовите газат на Елена нозете боси А низ дрвото лозата девојчински нежна го врзува времето со ластарите и кон радоста ползи.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Стоеше така плодот во авата, но тоа траеше колку да фрлиш око кон Господа и да се прекрстиш, а можеби и уште помалку, а потоа повторно тргна да си го брка патот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се разбира, јас немам при себе таков плод за да ви покажам и практично на што личи кога ќе ви се најде најаден во раката, но вие, таму, горе, во вашиот свет, го имате тој плод во изобилство!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Утрото влегува низ свечени портали на плодот Во сенка на моето дрво самува убавината.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Небото, зем-јата, луѓето, избледените розови тули, балконите од ковано модро железо, мандолината зрела како плод во рацете на човекот со, чиниш, безброј прсти, искинатите парчиња од рекламни плакати веени од ноќниот ветер како конфети — колку беше тоа Пикасо, а колку Џорџ Смит што гледа наоколу со дивите очи на Пикасо? се прашуваше во очајание.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)