плоча (имн.) - и (сврз.)

Го изарчи и последниот фишек што го чуваше за себе. Му го „подари" на чаушот од кој овој падна на плочата пред самите негови нозе. Co пушката за цевка рипна трипати по плочата и се најде пред десетина штикови.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Теслим, бре ќерата! — извика чаушот од зад плоча и рипна напред да го налегнува Димитрија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се разбира, Варшава, која даде големи жртви во војната, е сета во споменици, железни спомен- плочи и слично, кои новите генрации го потстуваат за тоа дека овој град - маченик, страдалник и херој, некогаш физички уништен од Хитлерова Германија, успеал да се издигне од пепелта на уништувањето: поубав, полн со сите свои знаменитости од минатото, кои биле, кои и денес се украс на овој град.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Над дабјето беше синопепелавото небо, а над плочите и мермерот од гробиштата, лад и тишина, прекинувана само од по некој крик на гавран или од ритмично удирање на клукајдрвец во стебло.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Музиката потоа се прошири како бескрајна плима низ собите, постојано различна, постојано чудесна, со сите плочи и касети што тој секојдневно ги купуваше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Надвор понекогаш џагореа возбудливи гласови, измешани со кратки шумови од предмети што се тркалаа по плочите и со тропање на тенекии.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кога се правеше гробот, кога ќе почнеа темелите да му се копаат, да се поставуваат темелници на споменикот, се канеа сите блиски и роднини на покојникот, како куќа да се прави: се колеше јагне или овен, се редеше главата во темелникот, се правеше ручек, се викаше попот, и тука заедно со мајсторите се јадеше, се пиеше; пред тоа, попот Матлија со крстена водица ќе го осветеше гробот, ќе му пееше молитва, ќе фрлаше поглед на плочите и камењата стокмени за споменикот, ќе ги пофалеше мајсторите што ги делкале, домаќинот што стокмил пари за споменикот, а потоа, сиот измастен од месото што го дрпаше, го поземаше бинлакот со вино и долго го држеше на устата како да го подува.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Преостануваше Таа. Да му се подаде, во празниот апартман, меѓу рамнодушно расфрлените плочи и книги и парченца хартија со страстен ракопис од незавршени реченици.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Потоа жените со нејасно лице оставиле околу плочата по залак леб од пченично брашно и ја напоиле со вино земјата во која ги забуцале танките свеќички или боринчињата натопени во смола.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И останале со положени дланки на плочите и со молитва од која само усните им потреперувале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И открија дека има место за сите, дури ќе можат, исто како што прави Геле Колишев, да шаркаат по плочата и да си одредат место во кое ќе можат да си ги сместат своите газови.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ги гледаше неговите огромни камени плочи и блокови, не можејќи да се начуди како се нашле од разни предели во оваа тврдина.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И еда, одам јас кај Маса Ќулумоска, ѝ кажувам што ми се стори и таа ги зеде плочите, еда, ги запрета во огништето, се усвитија. И после ги крена плочите и зина жената, еда, небаре пештера во устата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)