повеќето (имн.) - луѓе (имн.)

Ние сме како волињана, Онисифоровците и Арсо Арнаутче камшикот, ние јаремот. Луѓето на Доце Срменков ги држеле презашилените чекани.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
-Зошто повеќето луѓе се тажни? – праша Еразмо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Како и повеќето луѓе што не се брзи на караница и што не прифаќаат неразумни предизвикувања пред да проценат не ли ќе бидат поразени, како и сите луѓе што не ставаат глава под секира само за да знаат дали е болката на месото подолга од смртта, чекале засолнети под своето молчење да мине опакиот виор.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Енергично листав сѐ дури вниманието не ми го привлече спасоносно, следната сомнителна реченица: „Повеќето луѓе се способни да го исклучат протокот на стимулации кои доаѓаат од околината, но оние со ниска латентна инхибиција не можат, што резултира со психози, превисоко ниво на креативност или и двете.“
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)