повик (имн.) - го (зам.)

Очајничкиот повик го натера да се устреми кон давеничката, но тукушто почна да паѓа кон неа, сонот, како и минатиот пат, ненадејно заврши.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Но како што секоја Пепелашка има своја самовила, така и јас по еден магичен телефонски повик го напуштив омразеното работно место и започнав преговори за мојот прв сериозен ангажман во Америка.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Нежниот сопран на мајкиниот повик го одлепува детето од ногата на Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кога се враќавме во Париз, еден брод-дизалица свиреше и беше тоа како завршетокот на Патувањето до крајот на ноќта: „Во далечината се слушна свирежот на брод-шлепер, неговиот повик го премина мостот, еден лак и уште еден, па браната и уште еден мост, потаму, многу потаму...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Одаите својот повик го гласат на ѕвона Имаат стрели и ѕвер постојано што гонат.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)