повик (имн.) - во (предл.)

5. СТАНУВАЈТЕ МРТВИ ЖИВИТЕ ДА ВЛЕЗНАТ - при тој повик во гробиштата би настанал метеж не за кој прв, кој последен да падне во бездна, а кој побргу од бездната на површина да светне...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Тоа беше називот на Министерството, тунискиот Ке дОрсе, кој се наоѓаше близу тунискиот сук, со постојана отворена врата и со мистичните повици во него.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Полардовите не беа слушнале ништо сѐ додека таа храбра млада жена, со која се беа спријателиле преку летото, не ги разбуди со телефонски повик во два часот по полноќ, кога напаѓачот конечно заминал, а таа успеала да се ослободи пресекувајќи ги траките со кујнски нож, и ги замоли едниот од нив да ги причува децата коишто сѐ уште спиеја додека другиот од нив ја превезе до најблиската полициска станица и болница, за да може да го пријави силувањето и да добие лекарска помош со најмали можни последици врз децата.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)