поглед (имн.) - ја (зам.)

Мрмореше, се муртеше, тој осаменик и намќор навредата на потсмешливиот поглед ја чувствуваше сетилно, како удар или шлаканица.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
И одеднаш, а за него толку многу во вистинскиот миг; во оној највистинскиот и единствен миг од вишнеењето на ова негово будење, таа пукната сина шир пред неговиот поглед ја распараа неколку црвеникави штркнати, прачки, исто како да се распука нејзиниот свод.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во погледите ја имаа онаа реакција на случајно препознавање.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Колку и да настојуваше да ја прикрива својата вознемиреност, пред нас децата, во погледот ја немаше сината ведрина во која често отпловуваа нашите сенишни мисли.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сеедно, кренатиот поглед ја плати должната сума и во прецизен натурализам ги здогледав: острата боја врз реткоста на косата, старите испакнати вени и младешката облека, злоупотребата на психологијата како наука, вечното незадоволство од очекувањата, нискиот стремеж кон „високи“ случувања.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Но наеднаш, соземајќи се од прошетката по веселото шаренило, ведрината во нејзиниот поглед ја замени чудна изненаденост.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И штотуку наближам до Сена мојот поглед ја напушта земјата, ме напушта и мене и тргнува да плови меѓу ѕвездите... и нешто длабоко тогаш се вознемирува во мене: моето човечко битие, горе меѓу ѕвездите, го препознава својот древен дом, своето древно огниште, мојата роднинска постела...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И се подигна. Пред очи – широката насмевка на дедо. Милно ја гледа и со погледот ја гали.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)