поглед (имн.) - накај (предл.)

Но, проблемот со ваквите буквални толкувања е тоа што бидејќи изгледаат толку зналски, толку сигурни во врска со она што ѝ е битно на машката геј-култура во иконичниот лик на Џоан Крафорд (било да е тоа бучовскиот настап, било да е тоа хиперженствената изведба), таквите толкувања набрзина ги затвораат интерпретациските нешта што се пред нас, претендирајќи на поцелосно сфаќање на односот на машката геј-култура кон женственоста отколку што можат да доловат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На тој начин, го претпоставуваат одговорот што го бараат, а, всушност, го попречуваат натамошното испитување на логиката што е во основа на машката геј-реакција – како божем да е доволно патем да се фрли поглед накај тие потполнки и така целата работа да се реши еднаш за секогаш.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Наместо да ги согледаат конкретните елементи што, всушност, ја извлекуваат субјективната внесеност на машките геј-гледачи, тие нудат флоскула преправена во вистина за геј-идентификацијата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој седнува свртен со погледот накај полето, со грбот се опира на крувчето.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)