поглед (имн.) - настрана (прил.)

И никој не знаел од каде доаѓа таа детска меланхолија, никој не знаел што ги предизвикува тие воздишки, и никој не знаел што го врти неговиот поглед настрана.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дури и кога мајка му застануваше пред него и му објаснуваше нешто, Рајнер се загледуваше во некое отсуство, како да гледа во правецот во кој нешто исчезнало и повеќе никогаш нема да се врати.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И само се помрднува, се преместува. Го врти погледот настрана.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој молчеше, со свртен поглед настрана, со извесна стеснетост дека можеби не разбира сѐ што зборувам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)