поговорка (имн.) - дека (сврз.)

Фелоус му го припишал тоа на своето првично, инстинктивно одбивање да види нешто значајно во овој образец на културна практика кај геј-мажите врз основа на старата поговорка дека геј-мажите не се различни од стрејт-мажите освен по сексуалната ориентација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ох, да не се потсетувам на поговорката дека секому најдраго му е да му цркне козата на комшијата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Му се случуваше омилената латинска поговорка дека секоја книга има своја судбина. Оваа посебно.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кој знае зошто, иако веднаш потоа стана јасно, се сеќавам на народната поговорка дека ведната глава сабја не сече.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Само замолкнувањето на Аванти пополо И само префарбувањето на бандиера роса А ваму новите соништа да претежнуваат од популизам И да не важи веќе поговорката Дека секое влакно си ја знае својата леснина
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)