податок (имн.) - можеби (мод.)

Најубавата соба, како што и планираше Роџер Прат, е во средината на куќата, на првиот кат, огромна соединувачка просторија, каде што конверзациите добиваат простор, а смеата, преку скалите, се пренесува кон долниот кат.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Таа навикнатост на, инаку, откачените податоци можеби доаѓа и поради брзината на патувањето: во секој град и гратче каде што запирам на патот од Lake District до Јужен Велс, менувајќи над десетина хотелски кревети, има барем по еден стар замок, катедрала, неколку палати и барем пет чудникави приказни.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)