подрачје (имн.) - во (предл.)

Германците со помали окупациони сили ги држеле стратегиски најзначајните региони со кој најдобро можеле да ги штитат освоените позиции на Балканот и во случај на Британците и колебливото движење на Италијанците да ги заштитат најважните подрачја во Грција: дел од островот Крит, неколку истурени острови спрема исток, меѓу кои: Милос, Скирос, Лезбос и Лемнос, потоа краткиот појас во Тракија спрема турската граница кој служел како тампон зона меѓу делот на западна Тракија под бугарска окупација и Турција, Солун со Егејското Море од каде најлесно можела да се чува важната стратегиска железничка пруга по долините на реките Морава и Вардар како и некои бази на Атика и Средоземното Море.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Германците се труделе да останат единствени тутори и господари во стратегиски најзначајните подрачја во победените земји во Србија, Македонија на грчките острови и во подрачјата на поморските бази на брегот на Грција. 3 Deakin William, Great Britain and European resistance. European Resistance Movements (1939-1945). Proceedings of the Second Intemationale Conference on the History of the resistance movement held at Milano 26-29 March 1961, Oxford, 1964, 354.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Со студен и сецирачки потез Бекман продирал во подрачја во коишто драстичниот реализам неочекувано добива симболичка содржина.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Рајнското крајбрежје е најпознато лозарско-винарско подрачје во Германија и од овие места со точи квалитетно германско шампањско вино.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тој објаснува како се формирале династиите, како тие изградиле институции, како луѓето се преселиле од селските подрачја во градовите, како создале институции на моќ и како постепено династиите се губеле, а се создавале нови.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
А Прашањето за умот, за неговото потекло, неговата историја, неговите граници, делувања, кое може да го има одреден тип на рационализам, прашањето за поврзаноста на умот и смислата, умот и науката итн., мора да се случи во едно подрачје во кое ирационализмот нема никакви шанси.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Хипнозата, како што ми се чинеше, нуди еден крајно едноставен метод (доколку некој ги знае нејзините цаки) за „матење” со манипулација, научно истражување, техники на интерперсонално наведување, т.е., со моќ, во она подрачје во кое луѓето заемно си делуваат едни со други и во кои ние се обидуваме да ги наведеме другите да го прават и да бидат она што сакаме ние и vice versa.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Изгледа дека техниките на интерперсонална манипулација, контрола и моќ не го наведуваат несреќниот да биде среќен, депримираниот да биде радосен, избезумениот да биде смирен, дезориентираниот да биде ориентиран, конфузниот да биде јасен, заведениот да ги отфрли неприфатливите и да ги усвои прифатливите гледишта. Margina #21 [1995] | okno.mk 51
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
4 Според Прескот, boundaries се линии на демаркација на државната територија и на многу места тие ги имаат заменето frontiers, како „зони со различна длабочина кои означуваат политичка поделба меѓу две земји или политичка поделба меѓу населените подрачја во рамките на една земја“. Овие два термини не се синоними.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)