поезија (имн.) - во (предл.)

Женската рака, создадена за задоволство, таа поезија во движење и продолжен орган на нејзината мечта, до пред малку веројатно лупела кромид собирала ронки од тепихот, или ја чистела рерната со жица.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Ова „благо“, речиси скриено додворување кон зборот е најбистрата проверка на сопствената мисла што поезијата ја очекувала да ѝ се јави како привидение во долгите затементи години на нејзиното непостоење, до појавувањето на македонската поезија во постоењето на другите поезии.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Составувач на антологиите: - “Македонската поезија во светот” (антологија на македонски, англиски, француски, руски, и германски јазик), составувач и предговор: Веле Смилевски.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Издавач: “Дијалог”, Скопје 2002).
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Доколку Duchamp можеби и не го читал Peladan, знаеме барем тоа дека ги читал Laforgue и Mallarme, поезијата која често ја опседнува фантомот на хермафродитството, поезија во која, пред сѐ, посебно кај Laforgue, повторно се појавуваат темите за целибатот, девственоста и „Ева без здив” („Eves sans treve”); кај Mallarme во Herodiada, на пример, сексуалната реалност повеќе се доживува како некоја форма на церебрално надразнување, интелектуално скокоткање, отколку како возбуденост на сетилата.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
И конечно, тој релативизам кој науката ја трансформира во поезија, а поезијата во егзистенција е тој фактор кој му овозможува на секој медиокритет во дадена ситуација да се вивне до нивоата на божество и на секој уметник и гениј да пропадне до бедата на обичен месар на банални страсти.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Крие ли поезијата во себе музика?
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Тоа е и време на неопходна трансмутација на илузијата на поезијата во апсолутен владетел над сѐ.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Таа едноставна реченица нѐ тера да се замислиме над улогата на поезијата во нашиот секојдневен живот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Затоа си ја затворив вратата и ги оставив листовите на шанкот од кујната, за кога ќе дојде да руча да му ги покажам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Прво требаше да биде проза, па поезија, па можеби поезија во проза или така нешто. Но, ова личеше на стих.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Во неговиот став се препознава пред сѐ раниот дух на дадата (рецитирање на поезија во Кабаре Волтер), овде обновен во начинот на повоената тенденција за деперсонализирање на уметноста и проширување на медијот, но таквата употреба на јазикот не успева да го избегне токму она што се обидува да го спречи: субјективната манипулација, претворањето на еден инструмент или преносник каков што е јазикот во нов метафизички објект.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)