показалец (имн.) - и (сврз.)

Ги гледаш овие три прста? Ги состави трите прста прабаба ми, палецот, показалецот и средниот прст, правејќи врв како пирамида со три страни, составувајќи ги тие три силни енергии во една, како симбол на светото Тројство, па почна со нив да се одбележува, цртајќи крст врз себе.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Внимателно, како божем златниот прамен да ги содржеше човечката судбина и човечкиот копнеж, Даниел го крена праменот со палецот и показалецот и церемонијално го втисна во малтерот на ѕидот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Непознатиот со татарски или монголски или черкески очи, ноздри, усни, гологлав и испотен, застанал и ги подвиткал топчестите раменици, го испуштил анџарот од левата рака и подавајќи ги двата прста на десната, показалецот и палецот, ги преплашил најблиските како да е невидено животно со црни или отровни рогови.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Другиот ја дувна бубалката од показалецот и продолжи: „Се лутевте што сум освоил туѓа жена.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ја вртеше дланката на сите страни и не престануваше да се одушевува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Потоа, токму како што посакував, го извади оној нејзин сребрен прстен со голем зеленикав камен од показалецот и го стави мојот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
– А што ќе речеш за овој мистичен детаљ . . . забележа ли дека дотичниот, на десната шака, меѓу показалецот и палецот, има нешто.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
По кратко молчење во кое никој не ми понуди објаснување, прашав зошто Кристина ја избркала мачката; да не е некој алергичен на мачки или нешто слично.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- А-ха, - тетка ми кимна со главата и забележувајќи една трошка што по грешка останала на масата, се концентрира на неа со погледот и потоа внимателно, како да е мравка и како да ќе ѝ избега, ја приклешти меѓу палецот и показалецот и откако стана, ја фрли во кантата за ѓубре под мијалникот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Нека нѐ грее гревот. Облизни го јазот меѓу показалецот и палецот тој свет-за-себе таа невидлива сила љубов-заради-љубов ништо друго.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)