поле (имн.) - ќе (чест.)

На краот на земјата да знам со него ќе ода, туѓа аргатка по полињата ќе стана и од него не се дела. Само да си дојде ошче еднаш!“ ***
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
По борбата на бојното поле ќе настапи време да се бориме на културна почва, и во тоа време, наместо да имаме можност да ги ползуваме плодовите од пролеаната крв и да напредуваме културно, ние и тогаш, како и сега, ќе треба на наша штета да ги помагаме ту српските, ту грчките, ту бугарските интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Јаничарската фасцинација од бојното поле ќе ја изолира од историската реалност и ќе се спои со германскиот стил.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И дека бојното поле ќе заврши со вкопување во две фронтови линии.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И нека! Ќе паднат пак прангите тешки, засмеано сонце пак поле ќе злати; над урнати села, над пеплишта жешки слободата слатка пак ќе ни се врати.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Ако треба и в поле ќе спијам, во колиба.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ќе вршат насилства над нашата женска челад; очекуваната жетва по полињата ќе ни ја испозапалат; луѓето ќе ни ги распнат на страшилата по овоштарниците и така тие ќе се претворат во храна за гавраните.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Утре в зори ќе ја земеме таа што ќе дојде да ни донесе храна, и неа ќе ја заѕидаме во темелите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Па март штом ќе стапне со мирис на лето полето ќе вивне в зеленило сето.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Оти тогаш сите ќе избегаат под дрвјата и полето ќе остане само со сонцето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)