политика (имн.) - или (сврз.)

Современите Американци западнале во лошата навика изворот на сите нестандардни однесувања да го сместуваат или во природата или во општеството.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа мислење е аналогно на мислењето за ангажманот на зидарите во политиката или за ангажманот на домаќинките во okno.mk | Margina #26-28 [1995] 28 политиката или за ангажманот на мајмуните или за ангажманот на научниците или на проститутките, рибарите, кловновите итн...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Обете премиси одразуваат мои лични и интелектуални склоности, а не научни аксиоми, но дозволете да се обидам да ги оправдам – или, барем, да објаснам зошто претпочитам вака да размислувам за машките геј-културни практики – бидејќи мојот пристап, всушност, има широки методолошки импликации.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Бојана според народниот обичај на фирмата нема ништо да работи, а Александра ќе се вади со тоа дека не ја интересира политика или во овој случај историја.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Хомосексуалноста, криминалноста, зависноста, дури и претпочитањето на одредени потрошувачки производи (како во случајот со идентичните близнаци кои ги раздвоиле кога се родиле) сега се сметаат или за резултат на вродени особини, кои несомнено ни се запишани во гените или во геномите – денешнaта варијанта на „природа“ (порано тоа беа хормоните, а пред нив беше крвта) – или за израз на идиосинкретски хир, за личен избор, грев, дефект или некаква друга индивидуална особина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тие разговараа за женски работи, од козметички препарати до педагошки постапки, но сега Маре рече: - Сите мажи зборуваат или за политика или за спорт.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
На која страна од таа дихотомија ќе ѝ припаѓаат може да зависи од нивната политика или од нивната вера, но сите тие изгледа се согласни дека тоа се во секој случај единствените две можности.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)