политичар (имн.) - кој (зам.)

Најинтересно од сѐ беше што повеќе од половината политичари кои се вртеа во парламентот и кои сега беа во опозиција, јас ги знаев лично.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Веќе следниот ден Поп отиде во американскиот културен центар во потрага по литература, а Марсо и јас почнавме да го промовираме ликот на Маклабас во „Неидентификуваното шоу на Калиостро и Кракатау“ измислувајќи безброј мали епизоди во кои Маклабас се појавуваше како лик на здивен балкански политичар кој освестувајќи се за реалноста на нештата се повлекува во шумите на „Маусдонија“ и почнува да живее како диво суштество кое себе се става во улога на извршител на некаква сопствена ирационална правда.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Капетанот Џулијан Емери, офицер на СОЕ во Каиро, бил во контакт со одделни бугарски политичари кои, по влегувањето на германските војски во Бугарија, биле принудени да ја напуштат земјата.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тие биле прифатени од Британците и сместени во Каиро.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Титовиот погреб беше официјално најпосетениот закоп на некој владетел во минатиот век...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бродот Галеб, Титовиот син воз, беа само симболи на едно време, на едно владеење, кои немоќните политичари кои се сметаа како наследници-спасители на Титова Југославија, како да сакаа да го наложат невозможното, исчезнато, дел на еден дамна скршен владетелски сон.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ова движење за индивидуална слобода е ново за човековата историја бидејќи не е засновано на географија, политика, класи, или религија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа се однесува на промена, не на структурите на моќ, не на тоа кој ја контролира полицијата, туку на индивидуалниот ум.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Примарната функција на слободното општество во постдемократската ера е заштита на индивидуалната слобода од политичарите кои се обидуваат да ја ограничат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)