полицаец (имн.) - кој (зам.)

На левата страна од мене седна адвокатот, на десната, еден чекор подалеку, остана отпростум да стои полицаецот кој на главниот влез од Судот ме презеде од двајцата полицајци од Истражниот затвор.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
На главниот влез од Судот ме внесоа двајца полицајци кои ме придружуваа и во комбето со кое бев пренесен од Истражниот затвор до двокатниот дел, додаден на левата страна од Палатата на правдата, наменет за судски процеси од криминален карактер.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Додека минуваше крај мене немав смелост да ја погледнам во лицето и не знам дали таа забележа дека веќе бев седнат на масата меѓу адвокатот и полицаецот кој малку поназад од мене стоеше отпростум.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ема трепереше. Беше бледа, студена и нема.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Предната врата од левата страна на комбето беше отворена и крај неа стоеја двајца униформирани полицајци кои повремено погледнуваа на другата страна од улицата, кон влезот на нашата зграда.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Двајцата се приближија до прозорецот, внимавајќи да не бидат забележани од парот полицајци кои и се приближуваа на куќата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Ќе се вгледаше во полицаецот кој влегуваше во каушот, неспокојно ќе бараше нешто во дното на ходникот, ќе ги начулеше ушите да го фати крцкањето на стражарските скорни или тетеравењето на нозе, одвикнати да одат.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Градите ѝ беа свиснати; пупките изгледаа собрани од студот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ти повторно беше во бикини, завиткана во Навахо ќебето, а јас ги имав навлечено кратките пантолони додека гаќите сѐ уште ми висеа од задниот џеб. Ѝ го испитуваа телото со батериите од кои неговата белина блескаше.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Без и да забележиме, се бевме придружиле на кругот полицајци кои што ја опкружуваа удавената жена.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)