полиција (имн.) - во (предл.)

- Го фатила грчката полиција во меѓународниот воз за Атина како со некоја банда ги прскаат патниците со спреј за заспивање, а потоа им ги празнат џебовите и куферите.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Меѓу викотниците се чу дека некој тргнал да јави за кавгата во полицијата во Лерна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Пред само една година полицијата во Сан Франциско беше спремна да ги уапси членовите на Living Театрот само ако почнат да се соблекуваат, а сега одеднаш, на сите страни, имаше куп актери кои се соблекуваат и играат сосема голи на сцената и тоа во добро рекламирани претстави како „Ох! Калкута” и “Дионисиус во 69.”.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Се правдаа, тврдеа дека ме сметаат за исправен, дека знаат оти сум бил ангажиран за помош за прославата на јубилејот на браната, но дека ова била нивна должност и така натаму, како што зборува обично секоја полиција во такви прилики.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Затоа, правело впечаток што истиот шеф на полицијата во Солун, кој се покажал неспособен да ја открие гемиџиската акција, сега раководел со истрагата против извршителите на атентатите.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тие пред сé биле заинтересирани за: “(А) Личностите од бугарската администрација и тајната полиција во Скопје. (Б) Активностите на ВМРО и нивните односи со бугарската влада и со Германците. (Б) Какво мислење постои во сегашниот момент меѓу населението на Скопје за идниот статус на Македонија и односите на Македонците кон Србите и кон Бугарите и релативната големина на за рличните мислења. (Г) Идентитетот на единиците кои сега се стационирани во Скопје и кои неодамна поминале низ него и во кој правец“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Така властите сите оние што полицијата во моментот на нередите ги затекна на улиците и ги довела в затвор и сите оние што без никаква вина биле ранети од башибозукот и биле доведени во болницата, ги третирале како “виновници“ за она што го предизвикала муслиманската толпа со помош на некои органи на власта.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)