полиција (имн.) - ќе (чест.)

Додека Тејлор висеше на него, типот извади нож.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Никој не се помести, сите беа премногу исплашени за да направат било што, освен, секако, Пол, кој веднаш почна да му зборува на типот дека полицијата ќе дојде веднаш бидејќи сигурно го чуле истрелот, но типот му одговори дека му е сеедно и дека нема да си оди додека не ги собере своите 500 долари - а тогаш погледна наоколу и рече дека ќе ја понесе филмската опрема и еден заложник.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Одненадеж, Тејлор скокна врз него. („Имав впечаток дека скокам на челична статуа. Толку беше јак“, ми рече подоцна Тејлор).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Не грижи се, и во ветеранската населба има наши луѓе, а тоа е последното место каде што гардата и полицијата ќе не бара.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Полицијата ќе испита. Му вршат претрес.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А за мајка ми јас и со полицијата ќе се колам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А и зашто? Самата полиција ќе речеше дека бесправно сум се понел спрема една девојка што е регистрирана и која има право да го вади својот леб токму така како што го вади. И мојот леб, месје.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ако не почнеше Војната полицијата ќе го расветлеше случајот. Ќе го казнеше злосторникот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но почна Војната, власта се смени, дојдоа други полицајци, со подруги задачи, а случајот со убиството на Ролан го прекри правот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)