полноќ (имн.) - бев (гл.)

— Ах, Прилеп, Прилеп! Оросписки град. Пред дваесет и пет години ти собра потписи да се вратат Русите од Велес, сега со прст не мрдна да помогнеш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во единаесет почнуваше неговата омилена „Час по анатомија“, потоа на полноќ беа вестите на Сител, најновите настани околу студентските немири во Грција и можното поскапување на струјата.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
По три дена. Ноќ. После полноќ беше. Таа сети силни болови, толку многу силни, што преку неа како нож да ја исече.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Околу полноќ беше на Будимеш, откаде преку ден во Прилеп се гледа и движењето на луѓето, но ноќта ги криеше и белите ѕидишта, та Ѓорче само си претстави во умот дека тука, долу, негде во темницата, спие неговиот Прилеп, та ни една светилка нема да светне. A тој чекаше баш од него — од Прилеп да светне сонцето на слободата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)