полноќ (имн.) - во (предл.)

Палејќи цигара по цигара откако минаа повеќе од пет часа чекање, беше сигурен дека автобусот ќе пристигне дури по полноќ во ситните часови.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- А вие, по умот на мангупите од одделение, а? – ја прекина мајка ѝ – Тие до полноќ во Луна парк и вие со нив!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Каде ви беше главата да размислевте, девојчиња сте, ве сметавме паметни, а вие?!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И така, кога Сарафовци денуваа на „Ливада" и кога ноќта се разделија, Толе почиваше крај своето Ќосе во Вепрчани, а Андон крај Андоница во Дуње, за да дотрча околу полноќ во Вепрчани и да му јави на Толета, дека Бахтијар ја испрати војската по нив по Селечка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но уште убаво не беше разденето — почнаа грмежи од пушки и бомби на ЛиЃураса, која беше на пет-шест километри од селото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Утеха на зборот На моите прагови ноќта мјаука ослепува сè поглуво и клука, околу полноќ во страотна бура патеписи на времето истура.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)