половина (имн.) - бев (гл.)

На журката имаше накај дваесетина луѓе од кои половината беа женски.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Нејзината половина беше станала поширока и, на некој изненадувачки начин, беше стврдната.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Другар ми Ице (така се викаше пола Гевгелија, зашто другата половина беше женска популација) ми донесе бланко уверение и разгледница „Успомен из Џевџелије“, со сите знаменитости од тој град, меѓу кои, како најголем хотел „Југо“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)