половина (имн.) - во (предл.)

Устата ми беше полна со залак што не се голта, а е сладок, и затоа сакав да го задржам што подолго за да му ги ишмукам сите сокови кои беа крепителни за мојата душа и за моето тело, кои ме придвижуваа одвнатре и од мене ги исфрлаа сите непотребности, сите горчини, отрови, пизми, сите стравови и неизвесности; јас тогаш не бев Нинослав од денот што го оставив зад себе, јас бев нестварен но, во исто време, свој и најсвој, исполнет со крв и пламен што беа мои и што ми ги движеа дланките по жената меко распослана над мене, по нејзините коси, по рамената, по грбот, по задникот и надолу по бутовите, и пак назад за да може да продолжи играта што Ема ја очекуваше: од основата на задникот благо но долго, низ одмерени интервали, да ѝ ги ширам, да ѝ ги поткревам и пак благо да ѝ ги спуштам двете крушкасто заоблени и топли половини во чиј засек во исто време ѝ се придвижуваа, се подотвораа и повторно, се собираа скриените, најинтимните устинки на нејзиното тело.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Сега беше многу потешко да се чекори, при секое пречекорување пропаѓаше до половината во тој мек снег, беше заздишан само по првите стотина чекори, но тоа беа правилата на таа игра и она, што можеше досега да оди по дирата, беше само една олеснителна околност за него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Пред влезот во селото, лево, над патот стара православна црква, градена со делкан камен, половината в земја.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)