пора (имн.) - во (предл.)

Во тој миг, кога ненадејно се соочи со сознанието за бесмислата на сопствените постапки и за сеприсутноста на сопствените заблуди, тој сети како таа празнина му ги исполнува сите пори во кои само миг пред тоа му живеела душата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ооооууууууу, ооууу, ооууу... А по сиот него, продирајќи и во најситната пора во неговото тело, натопувајќи ја секоја келија од него, пребликнуваjќи во секоја празнина од неговите болки, заплисна еден бран од некаква чудесна топлина, која што можеше да биде и болна но која прилегаше и на некакво наситено заплиснување со мед. Оооооооуууууууу...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)