пораз (имн.) - кој (зам.)

Гласот сѐ потих ми е, уморен од себеразорување, себеповторување, од туѓите порази кои во торба ги носам.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Николаќи пак, кој што стои до Антица, целиот се тресе од поразот кој што го доживува и, барајќи го погледот на Антица, целиот се искривува така што во последниот момент изгубува равнотежа и паѓа пред нозете нејзини, но се дочекува на рацете и пак погледот му продолжува во очите од Антица.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
За напад од Тиквешието требаше да се подигне скопскиот беглер-бег, a трето, кадијата се исплаши сам на своја глава да ја подига таа акција да не претрпи пак пораз кој може да го налути султанот та да настрада.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)