поредок (имн.) - во (предл.)

Но Мајка беше не само читател кој се идентификуваше со поредокот во семејството, со реалноста во фикцијата, туку таа ја откриваше и смислата на постоењето на ракописот и низ неговата естетска димензија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Феудалниот поредок во негово време го достигнал највисокиот развој.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Онаков каков што беше, поредокот во Роуч, во вакви околности, некого пообичен би можел да го доведе до самоубиство или барем до лудило, што всушност, според некои повеќе или помалку штелувани воени статистики, често и се случуваше.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Набрзо во 1834 година, кога се распадна военоспахискиот поредок во империјата, и по 1839-та кога со Џалханскиот Хатишериф беше гарантирана личната безбедност, имотот и вероисповедта, а со тоа создадени и можности за преселување на луѓето од едно место во друго, од селата во градовите и од помалите градови во поголемите, во Потковицата се случија некои промени кои, подоцна, имаа големо влијание врз севкупниот живот во неа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во 925 се прогласил за цар на Бугарите и Грците, а бугарската црква ја издигнал на степен на патријаршија. Го зацврстил феудалниот поредок во државата.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Татко му тврдеше категорично на Климент Камилски дека една погрешно ставена книга може да влијае на целиот систем, односно на автентичноста и пробивноста на идејата, може дури да го загрози целиот поредок во библиотеката.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За време на демократијата беше армиски офицер и клучна фигура во организирањето на гардата како полу – воена единица којашто треба да го создаде и контролира новиот поредок во земјата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)